Размена на студенти-Новосибирски Држ. Унив. | | Испечати | |
Размена на студенти - Новосибирскиот Државен Земјоделски Универзитет
Студенти од Новосибирскиот Државен Земјоделски Универзитет, постдипломката Екатерина Климанова и дипломката Диана Александрова, во периодот фебруари-март, престојуваа на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.
При нивниот престој на Катедрата за биохемија и генетско инженерство, беа вклучени во истражувањата во рамки на проектот Молекуларна карактеризација на хумани гени поврзани со прекумерна тежина и спортски перформанси.
При тоа, самостојно изолираа ДНК, мултиплицираа региони од овие гени и вршеа одредување на полиморфизми кај истите.
Освен во лабораториите на оваа катедра, тие остварија и еднонеделен престој во Центарот за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Ефремов“ при МАНУ, а ги посетија и лабораториите за контрола на сточна храна и млеко на нашиот факултет.
Секако, освен работата во лабораториите, Диана и Екатерина имаа можност да се запознаат со убавините на нашата држава и ги посетија кањаонот Матка, планината Водно, градот Радовиш, неколку музеи, спортски натпревар и културни настани. Ваквата соработка меѓу двата универзитети е резултат на долгогодишната работа на проф. д-р Зоран Поповски, редовен професор на ФЗНХ, кој од 2015 година е визитинг професор на Новосибирскиот Државен Земјоделски Универзитет - еден од најдобрите помеѓу 36-те земјоделски универзитети во Руската Федерација.
Овој престој на гостинките од Русија е продолжување на соработката во размена на студенти и наставници помеѓу нашиот факултет и Универзитетот од Новосибирск по минатогодишниот престој на м-р Татиана Коновалова поврзан со истражувања на маркери во овчиот геном.
Во рамките на оваа соработка, наесен двајца наши студенти ќе можат да остварат сличен студиски престој на Новосибирскиот Државен Земјоделски Универзитет.
|
< Претходно | Следно > |
---|
РАСТИТЕЛНО ПРОИЗВОДСТВО |
ОВОШТАРСТВО,ЛОЗАРСТВО И ВИНАРСТВО |
АНИМАЛНА БИОТЕХНОЛОГИЈА |
ХРАНА |
ЖИВОТНА СРЕДИНА |
ЗАШТ. НА РАСТ. И ЗЕМЈ. ТЕХНИКА |
АГРОЕКОНОМИКА |
Центар за кариера |
Акредитации |
Листа на лаборатории |
|
|
|
|
|
Адреса Факултет за земјоделски науки и храна ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3 П. фах 297 1000 Скопје |
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ | УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ | СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ | AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP | ЗАЕМ | Тел: +389 2 3115277 Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk E-пошта: contact@fznh.ukim.edu.mk |
СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ | |||||
ЦИПОЗ |