Одлука за КОВИД 2019 за нова учебна година |
| Испечати |
|
Одлука за КОВИД 2019 за нова учебна година
|
|
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2020 |
| Испечати |
|
oglas_za_unapreduvanje
Врз основа на
Правилникот за систематизација на работните места на Универзитетот „Св.
Кирил и Методиј" во Скопје - Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје - Скопје објавен во (Универзитетски гласник бр.373/2019 и 401/2018), член 114 од Законот за високо образование
(Сл. Весник на РМ бр. 82/18) и член 63 од Статутот на Факултетот за земјоделски
науки и храна-Скопје во Скопје (Универзитетски гласник бр. 450/2019), Деканот на Факултетот за земјоделски
науки и храна-Скопје објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2020
ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И
ХРАНА-СКОПЈЕ
Факултетот
за земјоделски науки и храна-Скопје во Скопје објавува Интерен оглас за унапредување на вработени на
Факултетот за следните работни места:
- Помлад соработник за човечки
ресурси со шифра ОБН 01 02 ВО4 002 во
Одделението за правни и општи работи -1 извршител
Посебни услови за
работното место:
- ниво на
квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати
најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, односно VI
степен од научно поле: биотехнички науки, организациони науки и управување
(менаџмент) или јавна управа и администрација.
- со или без
работно искуство во струката.
Посебни работни
компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто
користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик),
- активно познавање на
компјутерски програми за канцелариско работење.
2. Виш лаборант со шифра ОБН 03 02 Г02 002 во Институт за анимална биотехнологија -1 извршител
Посебни услови за
работното место:
- ниво на
квалификации VII според Македонската рамка на квалификации и стекнати
најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII степен од научно поле: биотехнички
науки, природно-математички науки, техничко-технолошки науки
- со или без
работно искуство во струката.
Посебни работни
компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто
користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик),
- активно познавање на
компјутерски програми за канцелариско работење.
Кандидатите кои
аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните општи
услови:
- да
е државјанин на Република Северна Македонија;
-
активно да го користи македонскиот јазик;
- да
е полнолетен;
- да
има општа здравствена способност за работното место.
На интерниот оглас може да се јави лице вработено на Факултетот за земјоделски
науки и храна -Скопје, кое ги исполнува општите и посебните
услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со
Правилникот за систематизација на работните места на Универзитетот „Св.
Кирил и Методиј" во Скопје-факултет за земјоделски науки и храна- Скопје (Универзитетски гласник бр.373/2019 и 401/2018), при што ова лицето треба да ги исполнува и следните
услови:
- да е на работно место на непосредно пониско ниво од работното место за кое е
објавен интерниот оглас,
- да
поминал најмалку две години на тековното работно место и
- да
не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на
интерниот оглас.
Заинтересираното вработено лице на Факултетот, поднесува пополнета пријава и
докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Факултетот.
Кандидатите кон
пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, може да приложат и потврди за успешно реализирани обуки.
Кон пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да
достават и изјава со која потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените
докази верни на оригиналот.
НАПОМЕНА: Кандидатот
кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни
податоци, или не ги достави сите потребни документи ќе биде дисквалификуван од
натамошна постапка по овој оглас.
Рокот за поднесување
на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web
страната на Факултет
за земјоделски науки и храна во Скопје.
ДЕКАН
на
Факултет
за земјоделски науки и храна-Скопје
Проф. д-р Вјекослав Танасковиќ
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следна > Крај >>
|
Резултати 115 - 120 од 247 |