Skip to content

За Факултетот arrow Студенти arrow Соопштенија/Новости
Соопштенија/Новости
Бесплатни онлајн курсеви за студенти | Испечати |
Почитувани студенти на
Универзитет „Св. Кирил и Методиј" во Скопје,
Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје,

Ве известуваме дека Филолошкиот факултет „Блаже Конески" организира бесплатни онлајн курсеви по странски јазици за студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје.
Студентите можат за изберат некој од следниве јазици: руски, чешки, полски, хрватски, романски и унгарски јазик.

Познавањето повеќе странски јазици претставува прозорец кон нови работни можности, воспоставување мултикултурни пријателства, различната перспектива за туѓите култури и зголемена креативност.

Наставата на курсевите ќе се одвива во текот на 10 недели по четири часа неделно, започнувајќи од 24 октомври 2023 година. Повеќе информации за бесплатните онлајн курсеви по странски јазици  може да се добијат на линкот:

 
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината | Испечати |
 

Потсетување за сите квалификувани студенти за подигнување на наменските картички  

Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината 


1.jpg
Студентските денови се неповторливи и вредни, па затоа е потребно да се искористат максимално во поглед на знаењето, а и во поглед на уживањето во истите, секако со помош на друштвото, но и со помош на поддршката од страна на Министерството за образование и наука и Шпаркасе Банка АД Скопје. Во академската 2023/2024 година дел од поддршката за студентите доаѓа во форма на проектот за субвенциониран студентски оброк.  

Октомври е пред нас, месецот кога и официјално започнува користењето на наменските ко-брендирани Visa картички, на Шпаркасе Банка и Министерството за образование и наука, за субвенциониран студентски оброк.  

Шпаркасе Банка АД Скопје ги потсетува сите квалификувани студенти, кои веќе добиле порака од банката со точно место и време за подигнување на својата наменска картичка, истото да го сторат навремено, со цел од месец октомври да можат да ги користат истите на територија на целата држава.  

Секој изминат ден со неподигната картичка значи изгубен оброк.  

Од понеделник, 02.10.2023 година, сите студенти, кои веќе ги подигнале своите картички можат да уживаат во вкусни оброци во академската 2023/2024 година. Картичката ќе може да се користи во сите продажни места низ државата за готова и приготвена храна, ресторани, пекари и маркети.  

Плаќањето пак ќе може да се изврши на ПОС терминал, на било која банка во земјата, инсталиран на продажни места во рамки на дефинираните дејности. 

Оние квалификувани студенти, кои не успеале досега да ги ажурираат своите податоци на онлајн платформата на банката, сѐ уште можат да го направат истото пред да одат да ја подигнат картичката, - и тоа на следниот линк: https://netbanking.mk/portal/studentportal.  

За сите прашања или дополнителни информации, што се поврзани со наменската студентска Visa картичка за субвенциониран студентски оброк, студентите можат да се обратат во секое време на Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , или на https://sparkasse.mk, како и на телефонскиот број 02/308-7360.  

Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината.    

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 31 - 36 од 249

Choose Your Language/Избери јазик

Акредитации

Акредитации

Анкета

Што мислите за новата страна
 

qrcode_for_alumni2024.png

ПРИЈАВИ КОРУПЦИЈА

ПРИЈАВИ
КОРУПЦИЈА

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3115277

Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ