Skip to content

За Факултетот
Уписи I Циклус
Интерен оглас за еднородителско семејство | Испечати |
Интерен оглас за еднородителско семејство

ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА СТУДЕНТИ ЧИЕ РОДИТЕЛСКО ПРАВО ГО ВРШИ САМО ЕДЕН РОДИТЕЛ ЗА УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА НА УКИМ

Ве известуваме дека е објавен Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител за учебната 2024/2025 година на УКИМ, врз основа на Одлуката за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и критериумите за остварување  на ова право за учебната 2024/2025 година (бр. 09-952/3 од 20.9.2024 година), донесена од Ректорската Управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје. 

Со овој Интерен оглас се врши избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2024/2025 година. 

Се повикуваат сите студенти кои ги исполнуваат условите наведени во Интерниот оглас, да достават пријава за огласот, придружена со целокупната потребна документација наведена во огласот, до претседателот на Комисијата за селекција на кандидатите, проф. д-р Тошо Арсов на електронската адреса: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , како и во материјална форма во Архивата на Факултетот за земјоделски науки и храна- Скопје, најдоцна до 14.10.2024 година (понеделник)







 
Резултати од уписи - втор рок 2024/25 | Испечати |
Резултати од уписи - втор рок 2024/25

КОНЕЧНА РАНГ ЛИСТА - ВТОР УПИСЕН РОК 2024/25



 
Резултати од уписи - прв рок 2024/25 | Испечати |
Резултати од уписи - прв рок 2024/25

Конечна ранг листа - УПИСИ ПРВ РОК 2024/25


ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК









 
Младите инженери се наша иднина ... | Испечати |


Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје  

dekan_milemarkoski.jpgМногубројни се предизвиците со кои се соочува агрономската професија, која е на пресврт заради глобалната криза и се поголемата потреба за производство на храна, во согласност со еколошките стандарди, како што е наведено во Зелениот план на ЕУ. Климатските промени и деградацијата на животната средина се егзистенцијална закана за Европа и светот.

Примената на новите технологии доведе до фактот дека човекот е се повеќе менаџер кој управува со сите процеси, како во примарното производство, така и во процесите на преработувачката индустрија и производството на храна. 

Иако се чини дека тоа не е нешто што може да се проучува, реалноста е сосема поинаква. Во земјоделството секогаш ќе има работа, а неговиот развој секогаш ќе се прилагодува на потребите на човекот. Токму затоа, повеќе од било кога на државата и се потребни млади стручни кадри- земјоделски инженери. 

Студиите на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје се организирани преку 10 акредитирани студиски програми на прв циклус (додипломски) студии. 

Од академската 2024/2025 година, за прв пат во 77 години постоење на Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје, акредитираме нова студиска програма - интердисциплинарни студии по Дигитално земјоделство, единствена од ваков вид во земјава. Студиската програма е  поддржана од неколку факултети (ФИНКИ, ФЕИТ, Машински факултет, ПМФ) во рамки на УКИМ, и претставува предизвик за сите млади кои имаат афинитет кон природните науки, областите на информатичката технологија, машинството и автоматизацијата. 

На светот му е потребен систем на одржливо производство на храна што ќе користи земја, вода и други ресурси на поефикасен начин и со тоа ќе ја намали употребата на фосилни горива, што драстично ќе ги намали емисиите на гасови и ќе го намали ефектот на стаклена градина, и ќе ја зачува биолошката разновидност, ќе го намали количеството на отпад... 

Забрзаниот пораст на населението во глобални рамки, развојот на индустриските и технолошките области, зголеменото искористување на природните ресурси создаваат сериозни еколошки проблеми кои се закана за човештвото. Затоа, само со примена и комбинација на посовремени технологии од различни области ќе можеме да ги оптимизираме производните процеси, зголемиме приносите, а истовремено да зборуваме за одржливо земјоделство кое ќе обезбеди храна денес, и ќе остави простор за идните генерации.

За надминување на предизвиците веќе е развиен концептот на прецизно земјоделство, кој вклучува комбинација на различни области од различни науки, со цел да се оптимизираат приносите,а истовремено да се намалат негативните влијанија врз животната средина. Затоа, вложувањата во образованието на младите науката и истражувањата треба да се приоритет за државата. 

Сите студиски програми на Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје, имаат свои специфичности во однос на стекнатите компетенции, но сите се подеднакво важни за економијата на нашата земја и по дипломирањето отвораат можност за вработување во различни сектори.   

Скопје,
Декан
Проф. д-р Миле Маркоски
 
Уписи прв циклус студии 2024/2025 | Испечати |
zemja.jpg
Уписи прв циклус студии 
ФЗНХ - академска 2024/2025

Извадок од Конкурс ФЗНХ - УКИМ 2024-2025

Упатство за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2024/25 година Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје



nasoki.jpg

plakat.jpg


elektronski-upisi-1-strana_small.jpgelektronski-upisi-strana-2_small.jpg
 


ВИДЕО: Пример упатство за пополнување на online пријава за запишување напрв циклус-додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје
НАПОМЕНА: Иако на видео записот е прикажана постапката за упис на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, таа е иста за сите факултети на УКИМ, со тоа што најпрво се избира соодветниот факултет.


Kандидатите ќе треба да ги испратат своите документи на e-mail адресата: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете





 
Уписи I Циклус Студии 2024/25 | Испечати |

pdf Упатство - Уписи 2024/25


У П А Т С Т В О


за запишување студенти

на прв циклус студии во учебната 2024/25 година Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје   

  •  ПРИСТАП ДО СИСТЕМ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ   
Кандидатите за запишување на прв циклус студии во учебната 2024/2025 година се пријавуваат за упис преку системот за електронско пријавување.   
Електронското пријавување се врши преку системот за студентски сервиси iKnow - www.upisi.ukim.mk Пријавувањето веќе е во тек. 

Пред терминот на пријавување, во роковите утврдени со Конкурсот секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот, со што автоматски добива број за електронско пријавување
Откако кандидатот ќе ги пополни сите прозорци кои се отвараат во iKnow системот, треба да притисне на копчето ПРАТИ и со тоа електронската пријава е завршена и комплетирана. 

  • ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ  

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот кој што кандидатот автоматски го добил од системот, треба да се внесе и во пријавниот лист (образец А1) (број на пријава).  

Пријавувањето, односно поднесување на сите документи ќе се одвива на:
 -          29.08.2024 и 30.08.2024 година за прв уписен рок,
-          17.09.2024 и 18.09.2024 година за втор уписен рок и 
-          27.09.2024 година за трет уписен рок во Одделението за студентски прашања при Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје, од 8:00 до 15:00 часот, со физичко присуство.   

  • ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ  

1.      Пријава за запишување на факултет (образец А1, достапен во книжарницата на Факултетот) 
2.      Универзитетски пријавен лист (генериран од iKnow системот, своерачно потпишан) 
3.      Интерен пријавен лист (генериран од iKnow системот, своерачно потпишан) 
4.      Оригинал свидетелства од сите четири години 
5.      Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование), 
6.      Извод од матичната книга на родени (оригинал) 
7.      Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение) (оригинал) 
8.      Изјава за согласност за лични податоци (генерирана од iKnow системот, своерачно потпишана) 
9.      Изјава за припадност на заедниците, кои не се мнозинство во РС Македонија (генерирана од iKnow системот, своерачно потпишана)
10.  Потврда за уплатa: 

  •  Административна такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Приходна шифра и програма 722313 00), 
  • За пријавување 300,00 денари на жиро-сметка на ФЗНХ (Образец ПП 50: Назив на примачот: ФЗНХ; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Сметка на корисник: 1600104545 788 10; Приходна шифра и програма 723012 41)

Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти, освен горенаведените, ги доставуваат и следните документи: 

-  образец М1/М2 нотарски заверен, или 
-   лекарско уверение за причините наведени во Конкурсот (издадено од З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје).  

Кандидатите со завршено средно образование во странство (странски државјани или државјани на РСМ со завршено целокупно средно образование во странство) при пријавувањето, доставуваат документација наведена во Kонкурсот (глава VII), а се пријавуваат во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, во роковите утврдени со Конкурсот.  


РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ

 
  Прв рок Втор рок Трет рок
Пријавување на кандидатите 29.8. и 30.8.2024       17 и 18.9.2024 27.9.2024
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа) 3.9. 2024 20.9.2024  
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) 6.9. 2024   25.9.2024  
Запишување на кандидатите 11. и 12.9. 2024 26.9.2024 30.9.2024
  

  • ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ    

Заинтересираните кандидати за сите прашања може да се обратат до Oдделението за студентски прашања и Продеканот за настава на Факултетот за земјоделски науки и храна, на следните електронски адреси: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете .   Сите информации околу студиските програми (ФЗНХ Факултет за земјоделски науки и храна - Студии (ukim.edu.mk)) на Факултетот за земјоделски науки и храна, условите и начинот на студирање може да се добијат на www.fznh.ukim.edu.mk.   

     

Факултет за земјоделски науки и храна- Скопје

Универзитет „Св. Кирил и Методиј" во Скопје

 

Choose Your Language/Избери јазик

Акредитации

Акредитации

Анкета

Што мислите за новата страна
 

qrcode_for_alumni2024.png

ПРИЈАВИ КОРУПЦИЈА

ПРИЈАВИ
КОРУПЦИЈА

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3115277

Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ