Skip to content

За Факултетот arrow Студенти arrow ЗАПИШУВАЊЕ ЗИМСКИ СЕМЕСТАР-2017/18
ЗАПИШУВАЊЕ ЗИМСКИ СЕМЕСТАР-2017/18 | Испечати |
PDF:
pdf ЗАПИШУВАЊЕ ЗИМСКИ СЕМЕСТАР-2017/18 825.33 Kb


С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 година
ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО СКОПЈЕ  

Правилата и режимот на студирање за сите студенти, на сите студиски програми на Факултетот за земјоделски науки и храна се утврдени врз основа на одредбите на Законот за високото образование, Статутот и Правилникот за студирање на прв и втор циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, Правилниците и другите акти донесени од страна на Факултетот кои ја уредуваат оваа материја, а се конкретизирани со посебни одлуки на Наставно-научниот совет на Факултетот, и се објавени во посебни соопштенија на огласните места на Факултетот.  

1. Запишување на зимскиот семестар, односно година во учебната 2017/2018 година,
за сите студенти: редовни во државна квота, редовни со кофинансирање и вонредни студенти, на сите студиски програми ќе се врши на 11, 12, 18, 19, 20, 21, и 22 СЕПТЕМВРИ 2017 година.  
- Запишување после предвидениот рок (во период до 15 работни дена) ќе се врши со надоместок од 500 денари уплатени на жиро сметка на Факултетот.
- Запишување после предвидениот рок (во период  после 15  до 30 работни дена) ќе се врши со надоместок од 2000 денари уплатени на жиро сметка на Факултетот.
- После предвидениот рок, студентите неможат да запишат семестар.  

2. Редовните студенти, запишани на сите студиски програми, кои имаат остварено услов за запишување на нареден семестар (минус еден предмет од претходниот семестар) имаат обврска при запишувањето на зимскиот семестар да уплатат 1/2 од партиципацијата, односно надоместок во висина од 100,00 Евра, (во денарска противвредност) на жиро сметка на Факултетот.  

3. Редовните студенти на сите студиски програми, кои не ги исполнуваат условите од точка 2, заклучно со септемвриската испитна сесија, можат да запишат нареден III, V и VII семестар, со надомест од 3,33 евра за секој кредит од презапишан или неположен предмет од претходниот семестар (6 кредити x 3,33 евра=19,98 евра од предмет, во денарска противвредност), уплатени на жиро сметка на Факултетот.  

4. Редовните студенти што презапишуваат година (Апсолвенти), можат да запишат апсолвентски стаж со партиципација од 1250,00 денари од семестар и со надомест од 3,33 евра за секој кредит од презапишан или неположен предмет од претходниот семестар (6 кредити x 3,33 евра=19,98 евра од предмет, во денарска противвредност), уплатени на жиро сметка на Факултетот.  

5. Редовните студенти со кофинансирање и вонредните студенти, кои ги исполнуваат условите за запишување на нареден семестар (минус еден предмет од претходниот семестар) запишуваат семестар/година со надоместок од 400,00 Евра, со плаќање на две еднакви рати, во (денарска противвредност) уплатени на жиро сметка на Факултетот.  

6. Редовните студенти со кофинансирање и вонредните студенти, кои не ги исполнуваат условите од точка 5, заклучно со септемвриската испитна сесија, можат да запишат нареден III, V и VII семестар, со надомест од 6,66 евра за секој кредит од презапишан или неположен предмет од претходниот семестар (6 кредити x 6,66 евра=39,96 евра од предмет, во денарска противвредност), уплатени на жиро сметка на Факултетот.  

7. Редовните студенти со кофинансирање и вонредните што презапишуваат година (Апсолвенти), можат да запишат апсолвентски стаж со партиципација од 1250,00 денари од семестар и со надомест од 6,66 евра за секој кредит од презапишан или неположен предмет од претходниот семестар (6 кредити x 6,66 евра=39,96 евра од предмет, во денарска противвредност), уплатени на жиро сметка на Факултетот.   

ЖИРО СМЕТКАТА НА ФАКУЛТЕТОТ Е: ФАКУЛТЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА-СКОПЈЕ, Ж.С. 160010454578810, со ТРЕЗОРСКА СМЕТКА 100000000063095 и ПОВИКУВАЧКИ БРОЈ 723012, ПРОГРАМА 41, НАЧИН 2, СО НАЗНАКА: ЗА ЗАПИШУВАЊЕ, ПРИМАЧ:  НАРОДНА БАНКА НА РМ.
 

8. Редовните студенти, редовните студенти со кофинансирање на студиите, вонредните студенти и апсолвентите, со запишувањето на зимскиот семестар имаат обврска за уплата и на следниве надоместоци:  
а) ПОТВРДА за уплатени 750,00 денари, на жиро сметка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, со назнака: за ИКСА на УКИМ за ФЗНХ - Скопје.
б) ПОТВРДА за уплатени 1.850,00 денари, на жиро сметка на Факултетот, со назнака: за АУС на ФЗНХ - Скопје.
в) ПОТВРДА за уплатени 100,00 денари Со назнака: за лично осигурување (осигурување од незгода) на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје; Жиро сметка: 270000002025538; Банка на примачот: Халк Банка; Назив на примачот: ЕУРО ЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ. Задолжително, на уплатницата треба да стои цело име и презиме и матичен број на студентот.
г) ПОТВРДА за уплатени 100,00 денари, на жиро сметка на СП при ФЗНХ - Скопје, со назнака: за активности на СП при ФЗНХ (Препорака)


ЕЛЕКТРОНСКО ЗАПИШУВАЊЕ


Студентите се најавуваат преку адресата: www.iknow.ukim.mk .
Откако ќе се најавите на системот, пред вас се отвара почетната страница за студентите.
Главното мени за навигација се наоѓа на горниот дел од страницата веднаш под името, презимето и бр. индекс на најавениот студент.
Првата опција од менито ги содржи вашите матични податоци.

ВАЖНО
: проверете во системот IKNOW дали во вашиот профил е поставена точна и активна емаил адреса (е-пошта), бидејќи истата ќе се користи за размена на пораки преку системот за помош. 
Во табот Запишани семестри, во горниот дел се наоѓа опцијата за запишување на следниот семестар (летен 2016/17).
Од листата понудени семестри го избирате следниот семестар.
Откако сте ги избрале соодветните параметри, на копчето Внеси го запишувате семестарот. 

iknow1.jpg


Откако новиот запишан семестар ќе се појави прв во табелата запишани семестри, со клик на колоната Таксени во редот од тој семестар се отвора прозорче во кое може да се внесуваат СМС - кодови за таксени марки за уписот на тој семестар.  

iknow2.jpg


Студентите треба да внесат таксени марки во противредност од 50 денари. Иницијално таксените марки нема веднаш да се валидирани и сумата извесно време ќе стои на 0, се дури не помине валидацијата. Доколку сте внеле погрешни СМС - кодови, после синхронизацијата системот ќе ве информира за грешката со порака на оваа страна така што ќе мора да внесете точни СМС - кодови.

Откако ќе го запишете новиот семестар во табот Запишани семестри, се упатувате на следниот таб Предмети.
Тука ги избирате предметите кои ќе ги следите во следниот семестар.
При запишувањето, најпрвин треба да ги изберете неположените задолжителни предмети од изминатиот зимски семестар.
Потоа треба да ги изберете сите задолжителни предмети кои на вашата насока се слушаат во избраниот семестар, а за кои ги исполнувате предусловите.
На крај избирате од изборните од тековниот семестар на вашата насока или на ниво на Факултетот.
Предметите кои ги запишувате, ги префрлате од левите листи во десните со помош на копчињата за лево/десно меѓу листите.
Со секое префрлање на избран предмет од лево во десно се ажурира сумата за плаќање за тој семестар, сместена најгоре во средишниот дел на формата.
Истата треба да се уплати на уплатница. Откако сите потребни предмети ќе се префрлат во десните листи, горе десно на формата со копчето Запиши сите избрани предмети ќе се запишат за тој семестар и ќе се појават во табела Запишани предмети во горниот дел на формата.
Откако со копчето Запиши ќе ги запишете предметите, завршува електронскиот дел од запишувањето на следниот семестар.

По завршувањето на изборот на предмети, потребно е да се кликне копчето Потврди.

Службата за студентски прашања го проверува вашиот електронски запишан семестар и по доставување на хартиените документи, во периодот 11:00 до 13:00 часот на шалтерот на студентски прашања со тоа, листата на предмети  се заклучува.      
ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ, СТУДЕНТИТЕ  ПОТРЕБНО Е ДА ПРИЛОЖАТ:
-         Сериски број за запишан електронски семестар на IKNOW апликацијата
-         ИЗЈАВА ЗА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ (се пополнува во студентски параламент, соба бр. 38А-СПФЗН)
-         ПОТВРДА ЗА ОСТВАРЕНА ПРАКТИЧНА НАСТАВА
-         ПРИЈАВЕН и БЕЛ ЛИСТ (ШВ 20) за запишување на година со Т.М. од 50,00 денари;
-         ПОПОЛНЕТА СТУДЕНТСКА АНКЕТА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА НАСТАВНИЦИТЕ И СОРАБОТНИЦИТЕ НА ФЗНХ (за студентите кои немаат заверено летен семестар во учебната 2016-2017 година. Анкетата се пополнува во студентски параламент, соба бр. 38А-СПФЗН)  

Правилата и режимот на студирање за студентите и апсолвентите запишани по студиски програми од пред 2009-2010 година, ќе се реализираат со посебни Одлуки донесени од ННС на ФЗНХ.  

ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИТЕ МОЖАТ ДА ГИ НАБАВАТ ВО ФОТОКОПИРНИЦАТА НА ВЛЕЗОТ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО СКОПЈЕ.
       

ОД ДЕКАНАТОТ НА ФЗНХ ВО СОСТАВ НА УКИМ


PDF:

pdf ЗАПИШУВАЊЕ ЗИМСКИ СЕМЕСТАР-2017/18 825.33 Kb
 
< Претходно   Следно >

Choose Your Language/Избери јазик

Акредитации

Акредитации
Имаме 1 гости(н) на оваа страница

Анкета

Што мислите за новата страна
 

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3115277

Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ