„ЕКО УЧИЛНИЦА- ЗЕЛЕНА РАБОТИЛНИЦА“ | | Испечати | |
„ЕКО УЧИЛНИЦА- ЗЕЛЕНА РАБОТИЛНИЦА“
Во
рамките на соработката помеѓу Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје и
Општина Центар, се започна со теренски активности за создавање на првата -
прототип модел Еколошко едукативна парк-градина -ПАНОРАМА, во детската градинка
Кочо Рацин - Панорама.
Под
мотото „ЕКО УЧИЛНИЦА- ЗЕЛЕНА РАБОТИЛНИЦА" ќе се преуреди дворната површина при
што ќе се создаде еден прекрасен едукативно-креативен зелен простор,
вклучувајќи ги младите уште од најрана возраст да почнат да истражуваат и да
развијат креативна мисла за чиста, здрава и зелена животна средина.
|