Univerzitet Sv Kiril i Metodij vo SkopjeFaculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje
University Ss Cyril and Methodius in Skopje
Faculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje

Journal of Agricultural, Food and Environmental Sciences

ISSN: 2545-4315

Home | About| Indexed in | Editorial Staff | Paper Submission| Links | History | Contact
VOL 57_2011/002

РИЗИК ФАКТОРИ ЗА НАРУШЕНА ПЛОДНОСТ КАЈ ВИСОКОМЛЕЧНИТЕ КРАВИ

 Методија Трајчев1, Димитар Наков1, Горан Митров2
1Универзитет Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Факултет за земјоделски науки и храна, Институт за анимална биотехнологија, Бул. Александар Македонски бб, 1000 Скопје, Република Македонија,
2
Земјоделско стопанство - Сушица, сектор Краварска фарма - Сушица, Струмица, Република Македонија
e-mail:
metot@zf.ukim.edu.mk

 

Апстракт

Плодноста претставува највисок приоритет во фармите за интензивно одгледување на високо продуктивни млечни крави, но во последните три декади се забележува постојан пад на репродуктивните параметри. Главна цел на направените истражувања беше да се детерминираат ризик факторите кои влијаат врз репродуктивните параметри на кравите во лактација. Потребните податоци од производниот картон, за секоја крава посебно, се собрани ретроспективно за една календарска година.

Просечната возраст на јуниците на прво осеменување изнесуваше 479,48 ± 78,521 денови, додека просечната возраст на прво телење 756,99 ± 78,661 денови. Најголем број од кравите (97,30%) конципирале во првиот сервис период. Просечната должина на сервис периодот изнесуваше 112,10 ± 56,262 денови. Процентот на отелување на годишно ниво изнесуваше 47,42%, при што највисока оттеливост е регистрирана кај кравите отелени во зимскиот период (57,73%), а најниска кај кравите отелени во сезоната лето (42,80%). Просечната должина на меѓутелидбениот период изнесуваше 437,35±101,94 денови. Просечната должина на периодот на стелност за кравите независно од лактацијата по ред изнесуваше 276,96 ± 27,920 денови. Просечната должина на лактацијата изнесуваше 320,54 ± 61,698 денови.

Статистичките анализи беа направени со помош на Општиот линеарен модел, униваријантна процедура. Статистички значајно влијание врз должината на сервис периодот кај кравите на ниво p<0,001 покажа должината на лактацијата, додека возраста на кравите односно лактацијата по ред и сезоната на телење не покажа статистички значајно влијание.

Клучни зборови: млечни крави, репродукција, ризик-фактори.

RISK FACTORS AFFECTING FERTILITY IN THE HIGH-PRODUCING DAIRY COWS

 Metodija Trajchev1, Dimitar Nakov1, Goran Mitrov2
1 University St. Cyril and Methodius, Skopje, Republic of Macedonia
Faculty of Agricultural Sciences and Food, Institute of Animal Biotechnology
2
Agriculture economy - Susica, sector Dairy farm - Susica
e-mail:
metot@zf.ukim.edu.mk

Abstract

The fertility of lactating dairy cows is economically important, but the mean reproductive performance of dairy cows has declined during the past 3 decades. Traits such as first-service conception rate and the lenght of the service period are influenced by numerous explanatory factors common to specific farms or individual cows level A one years retrospective study was carried out to identify risk factors affecting the reproductive performance of black-white lactating cows. The data for reproductive, health and production events were obtained from farm reproductive board.

The first breeding of haifers was at average on 479.48±78.521 days of age, and the first calving was at average on 756.99±78.661 days of age. The first service conception rate was 97.30%. The average number of days in lactation to conception was 112.10±56.262. The annual calving rate was 47.42%, the high calving rate was evidented in the winter calving season (57.73%), and the low was evidented in the summer calving season (42.80%). The average lenght of calving interval was 437.35±101.94 days. The average length of the pregnancy was 276.96±27.920 days. The average lenght of the lactation was 320.54±61.698 days.

The univariate GLM was used to analyze risk factors responsible for reproductive efficiency. Among the risk factors that were found to affect the lenght of the service period, statistical significance at level p<0,001 showed the lenght of lactation. The cow parity and season of calving did not show statistical significant influence on lenght of the service period.

Key word: dairy cows, reproduction, risk factors.

Languages:

Pages:

 VIEW FULL TEXT (PDF)  << BACK