ВЛИЈАНИЕ НА СОРТАТА, ЛОКАЦИЈАТА, ПЕРИОДОТ И РОКОТ НА СЕИДБА ВРЗ СОДРЖИНАТА НА МАСЛО И ПРОТЕИНИ КАЈ МАСЛОДАЈНАТА РЕПКА
1*Мирјана Јанкуловска, 1Соња Ивановска, 2Ана Марјановиќ-Јеромела, 1Дане Бошев
1* Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје, mjankulovska@zf.ukim.edu.mk,
2 Институт за поледелство и градинарство, Нови Сад, Србија
Апстракт
Со цел утврдување на влијанието на сортата, локацијата, периодот на сеидба и рокот на сеидба врз содржината на протеини и масло кај маслодајната репка, анализирани беа три сорти, во четири сеидбени периоди, два локалитети и три рокови на сеидба. Забележан беше значаен ефект на сите фактори вклучени во анализата врз испитуваните својства. По периоди на сеидба, највисока содржина на масло се јави кај сортата лисонне, посеана есента 2004 година (50,64%). Истата сорта имаше највисока содржина на протеини во пролетта 2005 година (25,66%). Сортите лиаисон и лисонне имаа повисок процент на масло во Скопје, а лисора во Струмица. Содржината на протеини кај сите сорти беше повисока во Скопје отколку во Струмица. Содржината на масло кај сите сорти беше највисока во вториот сеидбен рок, додека за содржината на протеини најниската и највисоката вредност беа забележани во третиот сеидбен рок (22,25% кај лисонне и 23,99% кај лиаисон). Правилниот избор на сорти за специфични локалитети, како и правилното определување на периодот и рокот на сеидба на истите може значајно да влијае врз квалитетните својства кај маслодајната репка.
Клучни зборови: Брассица напус Л., варијабилност, квалитетни својства.
ТHE INFLUENCE OF CULTIVAR, LOCATION, SOWING PERIOD AND SOWING DATE ON OIL AND PROTEIN CONTENT IN RAPESEED
1*Mirjana Jankulovska, 1Sonja Ivanovska, 2Ana Marjanovic-Jeromela, 1Dane Boshev
1 Ss “Cyril and Methodius” University in Skopje, Faculty of Agricultural Sciences and Food, Skopje, *mjankulovska@zf.ukim.edu.mk
2 Institute of Field and Vegetable Crops, Novi Sad, Serbia
In order to assess the influence of the cultivar, location, sowing period and sowing date on oil and protein content in rapeseed, three rapeseed cultivars were grown on two locations with four sowing periods and three sowing dates. All factors included in the analysis had significant effect on the analyzed traits. Regarding the sowing periods, the highest oil content had cultivar lisonne, when sown in the fall 2004 (50.64%). The same cultivar had the higest protein content in the spring 2005 (25.66%). The cultivars liaison and lisonne had higher oil content in Skopje, while lisora in Strumica. The protein content in all analyzed cultivars had higher values in Skopje than in Strumica. Oil content had its maximal value in all cultivars on the second sowing date. For the protein content, the highest and the lowest value were observed on the trird sowing date (23.99% in liaison and 22.25% in lisonne). The adequate selection of cultivars for specific locations, and correct determination of the sowing period and sowing date can significantly influence the quality traits in rapeseed.
Key words: Brassica napus L., variability, quality traits.
Languages:
Pages: