VOL 58_2012/007
ПЕРЕНИТЕ ВО ДОМАШНИТЕ ГРАДИНИ
Александра Грчева
Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје
насока: Градинаро-цвеќарска
Апстракт
Перените се жилави, издржливи зелести, тревни растенија кои овозможуваат голема рановидност во градините. Омилени цвеќиња се бидејќи нудат голем спектар од бои и форми, долг период на цветање и можности со успех да бидат одгледувани на различни локации. Целта на овој труд е подобро да се запознаат карактеристиките и предностите на трајните растенија, наречени перени. Оваа голема група растенија опфаќа многу разновидни растенија кои кај нас сеуште немаат широка примена. Во овој труд од големата група перени се систематизирани само по неколку видови сродни според декоративните својства, висината, бојата на цветот и според условите потребни за раст и развој. Презентирани се и основните постапки за избор на соодветни видови за формирање на цветни леи. Со придржување кон наведените чекори крајниот резултат може да биде успешна, убава, колоритна градина која е лесна за одржување.
Трудот е подготвен со преглед на обемна литература во која се обработени и презентирани многугодишните украсни растенија – перените.
Клучни зборови: Перени, Класификација
PERANNUALS IN HOME GARDENS
Aleksandra Grceva
Faculty of Agricultural Sciences and Food, Skopje
department: Vegetable and flower crop production
Abstract
Perennials are resistant and hardy grassy plants that provide huge diversity in the garden. They are popular flowers offering large varieties of colors, shapes, and long flowering period and possibilities for successful cultivation on different locations.
The goal of this article is better knowledge and the advantages of perennials. This large group of plants includes different plants still not spread in use with us. In this article from the large group of perennials only several are mentioned and classified according to their decorative characteristics such as high, color of the flower and according of their needs for development and growth. The basic principles for selection of the appropriate varieties for flower beds are presented. Attending the track for selection and grouping of perennials the result could be, beautiful and colorful garden easy for maintaining.
The article is prepared by reviewing large number of literature dealing with perennials
Languages:
Pages: