Univerzitet Sv Kiril i Metodij vo SkopjeFaculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje
University Ss Cyril and Methodius in Skopje
Faculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje

Journal of Agricultural, Food and Environmental Sciences

ISSN: 2545-4315

Home | About| Indexed in | Editorial Staff | Paper Submission| Links | History | Contact
VOL 58_2012/010

ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА НА РАБОТЕЊЕТО НА АД ,,ГД-ТИКВЕШ“ - КАВАДАРЦИ


Зорица Стрезоска

Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје
насока:Агроекономска

:

Апстракт

Во овој труд, целта е да се анализира работењето на АД ,,ГД-Тиквеш“ - Кавадарци во текот на три последователни години (2008, 2009 и 2010 година), со посебен осврт на показателите на финансиското работење. Финансиската анализа има за цел да ги постигне целите и задачите на финансиската политика, како донесувањето на најважните одлуки за финансиите, инвестициите и за исплатата на дивиденди. Анализата е спроведена преку пресметка на показателите на: ликвидност, солвентност, ефикасност, профитабилност, економскиот успех и ефективност во работењето. Друштвото остварува висок степен на ликвидност и е солвентно. Показателите на ефикасност се прифатливи, но кај овие показатели се бележи пад во текот на 2010 година во однос на претходните две години. Показателите на профитабилност покажуваат дека бруто и нето-профитната маржа се на доста високо ниво, меѓутоа очигледно е дека коефициентите на принос на сопствени средства и принос на сопствен капитал се незадоволителни, бидејќи се наоѓаат под нивото кое се смета за минимум или сосема малку над него. Показателите не економскиот успех и ефективност во работењето покажуваат дека претпријатието остварува позитивен финансиски резултат, со што ја потврдува успешноста во работењето.

Клучни зборови: финансиска анализа, земјоделско претпријатие, АД ,,ГД-Тиквеш“- Кавадарци.



FINANCIAL АNALYSIS OF THE AD,,GD-TIKVES "- KAVADARCI


Zorica Strezoska


Faculty of agriculture sciences and food
department: Agricultural Economics


Abstract

In this paper, the aim is to analyze the operation of AD ,,GD-Tikves”- Kavadarci during the three consecutive years (2008, 2009 and 2010 year), with special emphasis on financial performance. Financial analysis aims to achieve the aims and objectives of financial policy, as making major decisions about finance, investments and dividend payments. The analysis is conducted by calculating a number of ratios: liquidity; solvency; efficiency; profitability; economic success and effectiveness of the work. The company achieves a high degree of liquidity and is solvent. Indicators of efficiency are acceptable, but there is a decline of these indicators during the year 2010 compared to the previous two years.Indicators of profitability show that the gross and net-profit margins are quite high, but it is obvious that the yield coefficients of own assets and return on equity are unsatisfactory, because they are located below the level that is considered the minimum or slightly above it. Indicators of economic success and effectiveness of the operation show that the company achieved a positive financial result, which confirms the successful operation.

Keywords: Financial analysis, Agricultural company AD ,,GD-TIKVES”-Kavadarci.

Languages:

Pages:

 VIEW FULL TEXT (PDF)  << BACK