VOL 59_2012/016
МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА
1Ана Симоновска, 1Драган Ѓошевски, 1Марина Нацка, 1Ненад Георгиев
1Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје, Институт за Агроекономика, ana.simonovska@zf.ukim.edu.mk
Апстракт
За малите економии, како што е случајот со Република Македонија, меѓународната трговија претставува многу значаен елемент во балансирањето на домашната понуда и побарувачка. Меѓународната трговија, во исто време, претставува основна компонента во процесот на глобализацијата, каде што земјите треба да направат напори да ги намалат трговските бариери и да ја отворат економијата кон странската конкуренција. Целта на овој труд е да се примени методот на ОЕЦД за анализа на меѓународната трговија во Република Македонија и да се утврди неговата функционалност. Фокусот е насочен кон трговијата со јаболка, каде што земјите се споредени според вредноста на добиените меѓународни показатели за трговија, претставувајќи ја секоја земја во процесот на меѓународната економска интеграција. Резултатите покажуваат дека трговскиот биланс на јаболката во Република Македонија е позитивен, каде што извозот значајно го надминува увозот. Очигледно е дека земјата се јавува како нето-извозник на јаболка. Понатаму, резултатите потврдуваат дека македонските производители на јаболка претежно се извозно ориентирани.Главниот заклучок е дека овој метод е применлив и за анализа на трговијата во Република Македонија, но мора да се земе предвид дека доколку показателите се споредуваат помеѓу различни земји, резултатите треба претпазливо да се толкуваат поради тоа што податоците се добиени од различни бази на податоци.
Клучни зборови: Показатели за трговија, тестирање на метод, јаболка, Република Македонија
METHODS OF INTERNATIONAL INDICATORS OF TRADE ANALYSIS
1Ana Simonovska, 1Dragan Gjosevski, 1Marina Nacka, 1Nenad Georgiev
1Faculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje,
Institute of Agricultural Economics, ana.simonovska@zf.ukim.edu.mk
Abstract
For small economies, as in the case of the Republic of Macedonia, international trade presents a very important element in balancing the national supply and demand. International trade, at the same time, is a major component of the globalization process, where countries should make efforts to reduce barriers to trade and make their economies more open to foreign competition. The aim of this article is to test if the OECD’s method can be applied for analyses of the international trade of the Republic of Macedonia as well. This article is focused on the trade of apples, where countries are compared by using statistical indicators to depict their position in the international economic integration. The results show that the trade balance of apples in Macedonia has a high positive value, confirming that the export of apples significantly exceeds the import. It is obvious that the country is net exporter. The results also reveal that Macedonian apple producers are primarily export oriented.The main conclusion is that this method is applicable for analysis of trade in the Republic of Macedonia, but if the indicators are compared between different countries, the results should be interpreted cautiously since data are based on different databases.
Key words: Trade indicators, method testing, apple, Republic of Macedonia
Languages:
Pages: