VOL 59_2012/017
МОНИТОРИНГ НА ХИГИЕНСКО-САНИТАРНИТЕ МЕРКИ ВО ПОГОН ЗА ПРЕРАБОТКА НА МЕСО
Методија Трајчев1, Димитар Наков1, Тони Рочовски2
1Универзитет Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Факултет за земјоделски науки и храна, Институт за анимална биотехнологија, Катедра за здравје и благосостојба на животните
Бул. Александар Македонски бб, 1000 Скопје, Република Македонија
2Студент на втор циклус универзитетски студии, Универзитет Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Факултет за земјоделски науки и храна
e-mail: metot@zf.ukim.edu.mk
Апстракт
Евалуцијата на хигиенско-санитарните процедури во погоните за преработка на месо во една месна индустрија е направена врз основа на контролата на ефектите од спроведување на процедурите за хигиена и санитација. Истражувањето е реализирано во текот на три последователни години. Постапките на санитација на просториите, машините, работните површини како и алатките за работа беа направени согласно работната динамика и планови за спроведување на хигиенско-санитарните процедури во процесот на производството. При контролата на ефектот од спроведувањето на хигиенско – санитарните процедури за целиот период на истражување направени се 1661 контролен брис, од кои само 61 или 3,67% беа позитивни. Кај опремата беа утврдени 4,03% позитивни брисеви, а кај работната маса и персоналот 4,23% позитивни брисеви. Најмалку позитивни брисеви беа регистрирани кај алатот и садовите (0,99%). Највисоко хигиенско ниво во сите сегменти е забележано во текот на втората година од истражувањето. Врз основа на направената евалуација може да се заклучи дека одржувањето на нивото на хигиената во сите фази од производниот процес е во рамки на предвидените законски нормативи.
Клучни зборови: хигиена, санитација, преработка на месо
Abstract
Evaluation of meat hygiene practices in meat processing plants was conducted monitoring and evaluation of efficient implementation of hygiene principles. The research activities were lasting for three years. Application of hygiene principles for processing rooms, equipment and meat surfaces were done according working dynamic and hygiene program for implementation of hygiene practices during meat processing. Monitoring of hygiene and sanitary measures implementation was done with swabbing and plate count. The result indicated that from 1661 control swab samples taking during research period, only 61 (3.67%) were positive. Hygiene assessment of equipment indicated 4.03% positive swab samples, and 4.23% positive swab samples were detected when the hygiene of working surfaces and workers was assessed. The lowest number of positive swab samples was registered when the hygiene of processing tools and utensils was assessed. At all levels of meat processing, the highest hygiene parameters were registered in the secound year of study. In coclusion, according the assessed hygiene evaluation, the hygiene principles are implemented in all level of meat processing in agreement with national legislation laing down meat hygiene.
Key words: hygiene, meat proicessing, sanitation
Languages:
Pages: