Univerzitet Sv Kiril i Metodij vo SkopjeFaculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje
University Ss Cyril and Methodius in Skopje
Faculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje

Journal of Agricultural, Food and Environmental Sciences

ISSN: 2545-4315

Home | About| Indexed in | Editorial Staff | Paper Submission| Links | History | Contact
VOL 59_2012/018

HPLC МЕТОДИ ЗА КВАНТИТАТИВНО ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА АКТИВНАТА КОМПОНЕНТА ДАЗОМЕТ ВО ПЕСТИЦИДНАТА ФОРМУЛАЦИЈА BASAMID GRANULAT


Биљана Петановска - Илиевска *
Универзитет Св Кирил и Методиј, Факултет за земјоделски науки и храна, 1000 Скопје, Р. Македонија e-mail bpetan88@yahoo.com


Апстракт

Во трудот се презентирани три методи за квантитативно определување на дазомет во пестицидната формулација Basamid Granulat, од коишто две се за реверзно-фазна течна хроматографијана, а една за нормално-фазна течна хроматографија. Методите во коишто се користи реверзно-фазниот режим на хроматографирање се изведени на колоните HS 3x3 C 8 (3,3 x 0,46 cm), и LiChrosorb RP 8, (25 x 0,4 cm). За разработка на методот за квантитативно определување на дазомет со нормално-фазен режим на хроматографирање, користени се колоните од типот LiChrosorb CN (25 x 0,4 cm), HS Pecosphere Silica 3 x 3 (3,3 x 0,46 cm) и LiChrosorb (Si 60 25 x 0,4 cm). за верификација на разработените методи извршена е проценка на долната граница на детекција, типот на зависност помеѓу масата и површианата или височината на хроматографските пикови за испитуваниот аналит, интермедијарната прецизност на добиените резултати за ретенционото време и површината на пикот, аналитичкиот принос и уделот на активната компонента во анализираните примероци од пестицидните формулации. Употребените колони од типот HS за квантитативно определување на дазомет со помош на реверзно-фазна течна хроматографија се: ефикасни, прецизни, економични и дозволуваат употреба на мобилна фаза со мал удел на органска компонента. Вредноста за долната граница на детекција за дазомет е најниска кај разработените методи во коишто се користени колоните од типот HS 3 x 3 C 8 изнесува 748,8 pg за дазомет.

Клучни зборови: дазомет, HPLC методи


HPLC methods for Quantitative determination of dazomet in pesticide formulation BASAMID GRANULAT

Biljana Petanovska-Ilievska
Faculty of Agricultural Sciences and food, “Ss. Cyril and Methodius” University, Skopje, Republic of Macedonia
e-mail
bpetan88@yahoo.com


Abstract

For quantitative determination of dazomet in pesticide formulation Basamid Granulat, three HPLC methods are presented. Two methods are for reverse-phase liquid chromatography, and one for normal-phase liquid chromatography. The methods for reverse-phase determination of dazomet were performed on HS 3 x 3 C 8 (3,3 x 0,46 cm), LiChrosorb RP 8, (25 x 0,4 cm). For quantitative determination of dazomet with normal-phase liquid chromatography, LiChrosorb CN (25 x 0,4 cm), HS Pecosphere Silica 3 x 3 (3,3 x 0,46 cm) and LiChrosorb (Si 60 25 x 0,4 cm), columns were used. For validation of all develop methods, the evaluation is performed for: limit of detection, the linearity between the mass of analyte and peak area or peak height, intermediate precision of obtained results for retention time and peak area, percentage of recovered analyte and active ingredient quantity in pesticide formulation samples. The HS column type for quantitative determination of dazomet with reverse-phase liquid chromatography has some advantages: efficiency, precise, economic, and consists of small part of organic modifier in the mobile phase. The best value for limit of detection for dazomet 748,8 pg, was obtained on column type HS 3 X 3 C 8.

Key words: dazomet, HPLC methods


Languages:

Pages:

 VIEW FULL TEXT (PDF)  << BACK