Univerzitet Sv Kiril i Metodij vo SkopjeFaculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje
University Ss Cyril and Methodius in Skopje
Faculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje

Journal of Agricultural, Food and Environmental Sciences

ISSN: 2545-4315

Home | About| Indexed in | Editorial Staff | Paper Submission| Links | History | Contact
VOL 59_2012/019

СПОРЕДБЕНИ ИСПИТУВАЊА НА ПРОИЗВОДНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ КАЈ ВИДОВИТЕ TRITICUM DURUM, TRITICUM AESTIVUM И TRITICUM DICOCCUM
ОД РОДОТ TRITICUM

Манасиевска-Симиќ Силвана, Ангелов Иван
Факултет за земјоделски науки и храна, 1000, Скопје, Република Македонија


Апстракт

Анализирани се неколку производни карактеристики кај три различни видови пченица од родот Triticum и тоа видовите: Triticum.durum  (тврда пченица), Triticum aestivum  (мека пченица) и Triticum dicoccum  (двозрнест лимец). Од видот Triticum.durum испитувани се 21 сорта, од видот Triticum aestivum 2 сорти и 1 линија и од видот Triticum dicoccum два вариетета. Испитуваните видови пченица имаат различна геномска и хромозомска структура. Видот Triticum dicoccum има најмал број на зрна во класот, додека најголем број имаат сортите од видот Triticum aestivum. Тежината на зрната во главниот клас и тежината на главниот клас е во дирекна зависност од бројот на зрната во класот и нивната исполнетост, најмала е кај Triticum dicoccum, а најголема кај Triticum aestivum.


Клучни зборови: производни карактеристики, Triticum.durum, Triticum aestivum, Triticum dicoccum.



COMPARATIVE ANALYSIS OF YIELD COMPONENTS IN SPECIES TRITICUM DURUM, TRITICUM AESTIVUM AND TRITICUM DICOCCUM FROM GENUS TRITICUM


Manasievska-Simic Silvana, Angelov I.
Fakultet za zemjodelski nauki i hrana, 1000, Skopje, Republika Makedonija


Abstract

Yield components were analysed in 3 species of wheat from genus Triticum: Triticum durum (durum wheat), Triticum aestivum (soft wheat) and Triticum dicoccum (emmer wheat). From species Triticum durum 21 varieties were analysed, from Triticum aestivum 2 varieties and 1 line and from Triticum dicoccum 2 varietetes. Analysed wheat species have different genom and chromosome structure. Triticum dicoccum has lowest grain number in spike, while highest grain number have varieties of Triticum aestivum. Grain mass and spike mass are correlated with number of grains in the main spike, Triticum aestivum has highest results and Triticum dicoccum lowest.

Key words: yield components, Triticum durum, Triticum aestivum, Triticum dicoccum.

Languages:

Pages:

 VIEW FULL TEXT (PDF)  << BACK