VOL 61_2013/032
ГЕНЕТСКИ ТРАНСФОРМАЦИИ КАЈ ДЕКОРАТИВНИ РАСТЕНИЈА
Сандева Надица
Факултет за земјоделски науки и храна- Скопје
Апстракт
Една од главните цели на селекционерите на цвеќарски култури е создавање на нови бои кај цветовите.Конвенционалните селекциски методи, кои ги користат постоечките генетски ресурси од цвеќарските видови, се ограничени поради отсуството на клучните гени за биосинтеза на нови пигменти. Токму поради оваа причина по пат на селекцијане можат да се создадат генотипови на роза со сина боја.
Генетското инженерство е процес на бришење, модифицирање или додавање на гени во молекулот на ДНК, со цел промена на информациите што ги содржи.
Цел на модерната растителна биотехнологија е подобрување на одредени својства кај растенијата, животните и микроорганизмите со внесување на одреден ген. Генетските модификации овозможуваат подобрување (промена) на употребните карактеристики кај цвеќарските видови.
Клучни зборови: генетска трансформација, цвеќиња, нови бои
GENETIC TRANSFORMATION IN DECORATIVE PLANTS
Sandeva Nadica
Faculty for agricultural scinesec and food-Skopje
Abstract
One of the main goals of floricultural breeders is creation of new colors in flowers. Conventional breeding methods that use existing genetic resources of floricultural species are limited by the absence of key genes for biosynthesis of new pigments. This is one of the reasons why by using of classical breeding can not be created rose genotypes with blue color.
Genetic engineering is the process of deleting, modifying or adding genes into the DNA molecule, in order to change the information they contain.
Goal of modern plant biotechnology is to improve certain traits in plants, animals and microorganisms with the introduction of a certain gene. Genetic modifications allow improvement (change) of use-features in floricultural species.
Keywords: genetic transformation, flowers, new colors
Languages:
Pages: