Univerzitet Sv Kiril i Metodij vo SkopjeFaculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje
University Ss Cyril and Methodius in Skopje
Faculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje

Journal of Agricultural, Food and Environmental Sciences

ISSN: 2545-4315

Home | About| Indexed in | Editorial Staff | Paper Submission| Links | History | Contact
VOL 61_2013/033

ВЛИЈАНИЕ НА ТЕХНОЛОГИЈАТА НА СОЛАРНО СУШЕЊЕ  ВРЗ ХЕМИСКИОТ СОСТАВ НА СОРТИТЕ ЈАБОЛКА АЈДАРЕД И ЗЛАТЕН ДЕЛИШЕС

Моника Стојанова1, Б. Каракашов1
 1Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје  насока: Квалитет и безбедност на храна
е-пошта:
stojanova.monika@yahoo.com

 

Апстракт

Јаболкото претставува природно богатство на витамини и минерални материи кои се неопходни за развиток, здравје и работна способност на човекот. Целта на нашето истражување беше следење на технолошкиот процес на производство на соларно сушени јаболка во соларна сушница, компарација меѓу квалитетните својства на плодовите од две сорти на јаболка со примена на различни предтретмани како и контрола на квалитетот на соларно сушените јаболка. Како материјал за работа користевме плодови од две сорти јаболка: златен делишес и ајдаред. Овие сорти јаболка се најзастапените на нашиот пазар. Плодовите од јаболката беа земени по случаен избор од маркет.  Квалитетните својства на испитуваните јаболка ги определивме преку определување на механички и хемиски својства. Утврдени се хемиските својства на свежите и соларно сушените јаболка. Третирањето на суровината е направено во две варијанти: со 1% раствор на аскорбинска киселина и со комбинација со 1% раствор на аскорбинска киселина и 10% шеќерен раствор.  Врз основа на определените механички својства (маса на плод 226,99g, ширината на плод 8,48 cm, дебелина на плод 8,22 сm и висина на плод  6,92 cm) сортата ајдаред се одликува со поголеми плодови  во споредба со плодовите од сортата златен делишес.  Свежите плодови од сортата ајдаред се одликуваат со поголема содржина на: вкупни суви материи 13,73 %, вкупни киселини 0,47 %, витамин С 36,51 mg/100g плод, сахароза 5,54% и фруктоза 5,84%, во споредба со плодовите од сортата златен делишес. По сушењето и направените анализи  на соларно сушените плодови од сортите јаболка ајдаред и златен делишес утврдено е дека витаминот С повеќе е застапен во сушените плодови третирани со 1% раствор на аскорбинска киселина за временски период на потопување од 5 min. Соларното сушење е во иницијална фаза во нашата земја. Со воведување на соларното сушење во широката практика ќе се зголеми доходот на земјоделските производители, производството, вработувањето и девизниот прилив во нашата земја.

Клучни зборови: соларно сушење, јаболка, шеќери, витамин С

 

THE INFLUENCE OF SOLAR DRYING TECHNOLOGY ON THE CHEMICAL CONTENT OF AJDARED AND ZLATEN DELISES APPLE CULTIVARS 

 

Monika Stojanova1, B. Karakasov1

 1Faculty of agricultural sciences and food, Skopje
Department: Food quality and safety
e-mail:
stojanova.monika@yahoo.com

 

Abstract

The apple is a natural resource of vitamins and mineral matters that are essential for development, health and working ability of man. The aim of our study was to monitor the technological process of production of solar dried apples in solar dryer, comparison between the quality features of the fruits of two varieties of apples using various pretreatment and control the quality of solar dried apples. As the material of work, was used fruits of two varieties of apples: zlaten delises and ajdared . These varieties of apples are prevalent in our market. The fruits of apples were taken at random from the market. Quality properties of tasted apples were determined by determining the mechanical and chemical properties. Established in chemical properties of fresh and dried apples solar. Treatment of the raw material was made in two variants: with 1% solution of ascorbic acid and with combination of 1 % solution of ascorbic acid and 10 % sugar solution . Based on the determined mechanical properties ( fruit weight of 226,99 g, fruit width 8,48 cm, thickness 8.22 cm and fruit height of 6,92 cm) idared variety shows greater fruit than fruit from zlaten delises variety . Fresh fruits of the variety ajdared delivers more content of: total dry matter 13.73 % , total acid 0.47 %, vitamin C 36,51 mg/100g fruit , sucrose 5.54 % and fructose 5.84 % in compared with the fruits of golden delicious variety . After drying and analyzes of solar dried fruit from the apple varieties ajdared and zlaten delises established that vitamin C is more present in dried fruit treated with 1 % solution of ascorbic acid for a period of immersion of 5 min. Solar drying is in the initial stage in our country. With the introduction of solar dryers in general practice will increase the income of farmers, production, employment and foreign exchange inflow into the country.

Key words: solar drying, apples, sugars, vitamin C

Languages:

Pages:

 VIEW FULL TEXT (PDF)  << BACK