Univerzitet Sv Kiril i Metodij vo SkopjeFaculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje
University Ss Cyril and Methodius in Skopje
Faculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje

Journal of Agricultural, Food and Environmental Sciences

ISSN: 2545-4315

Home | About| Indexed in | Editorial Staff | Paper Submission| Links | History | Contact
VOL 63_2014/040

ЕКОНОМСКА ПЕРСПЕКТИВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ ВО ЗЕМЈОДЕЛСКО-ПРЕХРАНБЕНИОТ СЕКТОР

1Марина Нацка, 1Ненад Георгиев, 1Ивана Јанеска Стаменковска, 1Ана Симоновска

 

1 Универзитет”Св. Кирил и Методиј, Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје, marina.nacka@zf.ukim.edu.mk

 

Апстракт

Преговорите на Република Македонија за влез во Европската Унија наметнуваат воспоставен силен систем на права на интелектуална сопственост (ПИС) и нивно спроведување во пракса. И покрај тоа што земјата напредува во хармонизација на правниот систем, сепак се јавува низок степен на свесност за економските придобивки од заштитата на интелектуалната сопственост, особено во земјоделско-прехранбениот сектор. Целта на овој труд е да се даде преглед за значењето на заштитата на ПИС и искуството на одредени балкански земји и земји од ЕУ во поглед на спроведувањето на ПИС, со посебен осврт кон земјоделско-прехранбениот сектор. Состојбата во поглед на заштита на ПИС значително се разликува во одделни земји. Во Република Македонија, интересот за заштита на различни права на индустриска сопственост е поврзан со структурата на производните капацитети. Досегашното искуство на домашниот пазар покажува дека најчесто поголемите и поуспешните земјоделско-прехранбени претпријатија посветуваат поголемо внимание кон заштита на ПИС, со паралелно инвестирање во маркетинг и деференцијација на производите. Малите претпријатија најчесто се соочени со финансиски бариери и ниски буџети одвоени за маркетинг, па затоа на посветеноста кон ПИС најчесто се гледа како на инвестиција која ангажира дополнитeлни трошоци.

Клучни зборови: права на интелектуална сопственост, земјоделско-прехранбен сектор, економски придобивки.

 

ECONOMIC PERSPECTIVE OF INTELLECTUAL PROPERTY RIGHTS IN THE AGRI-FOOD SECTOR

 

1Marina Nacka, 1Nenad Georgiev, 1Ivana Janeska Stamenkovska, 1Ana Simonovska
 1 Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Faculty of agricultural sciences and food, Skopje, marina.nacka@zf.ukim.edu.mk

Abstract

The negotiations of the Republic of Macedonia to join the European Union imposed an established strong system of intellectual property and their implementation in practice. Although the country has had a progress in the harmonization of the legal system, still there is low awareness of the economic benefits of protecting intellectual property rights (IPR), particularly in the agri-food sector. The aim of this paper is to give an overview of the importance of IPR protection and experience of some Balkan and EU countries in terms of IPR enforcement, with particular reference to agro- food sector. The situation regarding IPR protection varies considerably in different countries. In Republic of Macedonia, the interest in protecting different IPR is related to the structure of production capacity. The previous experience in the domestic market shown that usually the larger and more successful agri - food enterprises pay more attention to the protection of IPR, thus constantly investing in marketing and product differentiation. Small enterprices often faced financial barriers and low budgets allocated for marketing and therefore the commitment to IPR is commonly viewed as an investment that engages additional costs.

Keywords: intellectual property rights, agri-food sector, ecnonomic benefits.

Languages:

Pages:

 VIEW FULL TEXT (PDF)  << BACK