VOL 63_2014/041
ВЛИЈАНИЕ НА ФОЛИЈАРНОТО ЃУБРЕЊЕ СО ОРГАНСКИ ЃУБРИВА ВРЗ ПРИНОСОТ НА КОМПИР (Solanum tuberosum) ВО ГЕВГЕЛИСКИОТ РЕГИОН
Петров П., Маркоски, М., Миткова, Т.
1Универзитет”Св. Кирил и Методиј”, Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје, 1000, Република Македонија
petrovpetar2012@gmail.com
Апстракт
Основна цел на ова истражување е да се определи влијанието на фолијарното ѓубрење со органски ѓубрива врз приносот на компирот во Гевгелискиот регион. Опитот е поставен по случаен блок-систем, на алувијална почва со многу висока содржина на достапни форми на азот, фосфор и калиум. Изведуван е во текот на вегетациската 2013 година, во атарот на с. Негорци, Гевгелиско, со четири варијанти, три повторувања во дванаесет реда. Во секоја варијанта вклучени се по 90 растенија. Варијанти во опитот се: 1. Контрола (неѓубрена); 2. Хумустим; 3. Инграсамант фолијар и 4. Биофлор. Во текот на вегетативниот период се извршени три фолијарни третирања со 0,5 % раствор од наведените ѓубрива. По бербата на компирот и мерењето на приносот беше констатирано дека фолијарното ѓубрење и високата обезбеденост на почвата со достапни форми на азот, фосфор и калиум имаат позитивно влијание врз висината на приносот кај сите варијанти. Највисок принос од 38,71 t/ha е постигнат кај варијанта број 3, Инграсамант фолијар.
Клучни зборови: компир, органски ѓубрива, фолијарно ѓубрење, алувијална почва.
THE INFLUENCE OF FOLIJAR FERTILIZING WITH ORGANIC FERTILIZERS ON POTATO (Solanum tuberosum) YIELD IN THE GEVGELIJA AREA
1Petrov P., Markoski M., Mitkova, Т
1University”Ss Cyril and Methodius” in Skopje, Faculty for agricultural sciences and food, Skopje, 1000. Republic of Macedonia
petrovpetar2012@gmail.com
Abstract
The basic goal of this research is to determine the influence of foliar fertilization with organic fertilizers over the potato yield in the Gevgelija region. The experiment was set according to random block-system, on fluvisol soil with high concentration of available forms of nitrogen, phosphorus and potassium. It was performed during the vegetation period of 2013, on the territory of the village of Negorci, near Gevegelija, with four variants and three repetitions in twelve rows. Each variant involves 90 plants in total. The experiment involves the following variants: 1. Control (Non-fertilized); 2. Humustim; 3. Ingrasamant foliar, and 4. Bioflor. During the vegetation period, total of three treatments have been performed by foliar feeding with 0.5% solution of the above given fertilizers. Following the potato harvest and the measurements of the potato yield, it was concluded that the foliar fertilizing and the high concentration of available forms of nitrogen, phosphorus and potassium have positive effects over the quantity of the potato yield in all variants. The highest yield of 38.71 t/ha was achieved in the variant no. 3, Ingrasamant foliar.
Key words: potato, organic fertilizers, foliar fertilizing, fluvisol soil.
Languages:
Pages: