VOL 63_2014/042
ПРИНОС И КВАЛИТЕТ КАЈ ХИБРИДИ ПЧЕНКА ОД FAO300 И FAO700 ГРУПА НА ЗРЕЕЊЕ
Дане Бошев1, Адријана Кукушова2, Мирјана Јанкуловска1 , Соња Ивановска1, Винко Станоев3
1Факултет за земјоделски науки и храна, УКИМ, Скопје, Република Македонија
2МЗШВ, Скопје, Република Македонија
3Земјоделски Институт Скопје
Автор за коресподенција: dbosev@yahoo.com
3Земјоделски Институт Скопје
Приносот и квалитетот кај пченката, покрај од условите на одгледување, зависи и од типот на хибридот и неговата адаптација во одреден реон, согласно должината на вегетативниот период. Во овие истражувањата е испитуван приносот и квалитетот на пет хибриди пченка PKB323, NSSC333, ZPSC704, NS721, NS770, одгледувани во Овчеполието во близина на Штип.
Добиените резултати за приносот на зрно се во согласност со досегашните истражувања во однос на остварен принос според FAO групата на зреење, односно хибридите со подолга вегетација се со повисоки приноси. Најмал остварен просечен принос од двете години покажа хибридот NSSC 333 (4,05 t/ha), a најдобар хибрид, со најголем остварен просечен принос беше хибридот NS 721 (14,05 t/ha). Во 2009 год. просечниот принос од сите хибриди изнесува 9,3 t/ha, а во 2010 год. изнесува 9,2 t/ha. Во однос на квалитетот на зрното, најмногу безазотни екстрактивни материи (БЕМ) во 2009 се добиени кај PKB 323 (72,1%), а во 2010 кај ZPSC 704 (72,5%). Белковините во двете години најмногу беа застапени во зрното на NS 721 (8,9%), а маслата кај NSSC 333 (3,4%) во 2009, односно кај PKB 323 (3,6%) во 2010 година.
Клучни зборови: пченка, принос, хибриди, ФАО300, ФАО700
YIELD AND QUALITY OF FAO300 AND FAO700 MAIZE HYBRIDS
Dane Boshev1, Adrijana Kukushova2, Mirjana Jankulovska1, Sonja Ivanovska1, Vinko Stanoev3
2MAFWE, Skopje, Republic of Macedonia
3Institute of Agriculture, Skopje
Corresponding author: dbosev@yahoo.com
Abstract
The yield and quality of maize, depends of the growing conditions, type of hybrids, as well their adaptation in growing area regarding vegetation period. In this research, have been evaluated the yield and quality of five maize hybrids PKB323, NSSC333, ZPSC704, NS721, NS770, growing in Shtip area.
Received results for grain yield, corresponds to other investigations, where hybrids with longer vegetative period (bigger FAO group of maturity), have higher yield. Smallest average grain yield shows the hybrid NSSC 333 (4.05 t/ha), while the largest shows NS 721 (14.05 t/ha). In 2009, average yield of all hybrids was 9.3 t/ha, while in 2010, the total average yield was 9.2 t/ha. Regarding quality properties of the grain, in 2009, PKB 323 shows biggest percentage of total sugars (72.1%), compared with other hybrids. In 2010, it was ZPSC 704 (72.5%). In both years, the biggest protein content was determined in NS 721 (8.9%). The biggest oil content was received in NSSC 333 (3.4%) and PKB 323 (3.6%).
Key words: maize, grain yield, hybrids, FAO300, FAO700
Languages:
Pages: