VOL 63_2014/043
ИСПИТУВАЊЕ НА СУПСТРАТИ ВО ПРОИЗВОДСТВО НА РАСАД ОД PETUNIA HYBRIDA GRANDIFLORA HORT.
1Маргарита Давитковска, 1Звезда Богевска, 1Гордана Попсимонова, 1Рукие Агич, 1Игор Иљовски
1Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје, Република Македонија
e-mail: dmarge77@yahoo.com
Апстракт
Квалитетниот расад овозможува навремено добивање на производ подготвен за продажба и постигнување висок квалитет на производите. Оттука, се оценува дека, испитувањето на влијанието на некои супстрати врз квалитетот на расадот на цветни култури е од особено значење за вкупното производство. Со цел да се утврди влијанието на некои супстрати врз квалитетот на расадот од Petunia hybrida grandiflora hort., направени се двегодишни испитувања. Користени се два типа на супстрати: Floradur B fine и Floradur B special, производ на германската фирма Floragard. За контрола е користен супстрат кој традиционално се употребува и се подготвува во ЈП „Паркови и зеленило”-Скопје. Во согласност со методиката на работа и целта на истражувањето, анализирани се следниве биометрички параметри: маса на растение, маса на корен, маса на листови, број на разгранувања и број на листови. Добиените резултати статистички се анализирани и тестирани со LSD тестот на ниво од 0,05 и 0,01. Според добиените вредности, расадот од Petunia hybrida grandiflora hort. кој е произведен во готови супстрати е поквалитетен од расадот произведен во супстрат кој традиционално се користи во ЈП „Паркови и зеленило”-Скопје. Имено, масата на рестенијата и масата на листовите е за седум пати поголема во споредба со контролата. Масата на коренот е за четири пати поголема во споредба со контролата. Бројот на листови кај испитуваниот расад, покажува околу два пати поголеми вредности во однос на контролата. За одбележување е дека кај контролата немаше разгранувања, додека кај останатите варијанти се забележани од 3 до 6 разгранувања на расадот.
Клучни зборови: цветна култура, квалитет, параметри, Floradur B fine, Floradur B special.
EXAMINATION OF SUBSTRATES IN THE PRODUCTION OF SEEDLING OF PETUNIA HYBRIDA GRANDIFLORA HORT.
1Margarita Davitkovska, 1Zvezda Bogevska, 1Gordana Popsimonova, 1Rukie Agic, 1Igor Iljovski
1Faculty of Agricultural Sciences and Food, Skopje , Republic of Macedonia
e-mail: dmarge77@yahoo.com
Abstract
Quality seedling enables timely obtaining of the product ready for sale and achieving high quality of the products. Hence, it is estimated that examination of the impact of some substrates on the quality of the flower culture is of high importance for the total production. In order to determine the impact of some substrates on the quality of Petunia Hybrida Grandiflora Hort., two-year examinations were conducted. Two types of substrates were used: Floradur B fine and B Floradur special, a product of the German company Floragard. As a control treatment a substrate which is traditionally utilized and prepared in Public Company "Parkovi i zelenilo" –
In accordance with methods and purpose of the research, the following biometrical parameters have been analysed: weight of plants, weight of root, weight of leaves, number of branches and number of leaves. The results are statistically analyzed and tested with LSD test at levels of 0.05 and 0.01. According to the obtained values, seedling of Petunia Hybrida Grandiflora Hort. which is produced in the readymade substrates is better than produced in the substrate which is traditionally used in Public Company "Parkovi i zelenilo" - Skopje. Namely, the weight of the plants and weight of the leaves is the seven times bigger compared to the control. Weight of the root is four times higher compared to control. The number of leaves shows about two times higher values compared to control. The number of branches of the seedling produced by the readymade substrates is 3 to 6 brunches, whereby the seedling from the control sample did not have any brunches.
Keywords: flower culture, quality, parameters, Floradur B fine, Floradur B special
Languages:
Pages: