VOL 64_2014/049
ВЛИЈАНИЕТО НА ПЛОДНОСТА НА ПОЧВАТА ВРЗ ИСХРАНАТА НА РАСТЕНИЈАТА
Фросина Трајановска1
1Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје насока: Лозарство и винарство
e-mail:trajanovska_frosina@yahoo.com
Апстракт
Почвата претставува тродимензионално, динамично природно тело, растресит слој на површината на земјата изменета со заедничко влијание на педогенетските фактори. Влијанието на одредени агротехнички мерки можат да потпомогнат за зголемување на ефективната плодност на почвата, но и преку неразумното искористување на почвените капацитети може да се доведе до нејзино уништување.При исхраната на растенијата треба да се одреди точното количество на ѓубриво кое треба да се аплицира за да се задоволат потребите на макро и микро биогените елементи кои инаку не можат во целост да се обезбедат по природен пат. Правилна прихрана на растенијата, може да се примени само со предходно извршена агрохемиска анализа на плодноста на почватаВо нашето истражување извршивме агрохемиска анализа за утврдување на плодноста на почвата на три локалитети и тоа: гевгелискиот, валандовскиот и кавадаречкиот. Утврдивме дека почвата од гевгелискиот локалитет на просечна длабочина од 0-60см се карактеризира со слаба плодност со достапен азот, фосфор и калиум, почвата од валандовкиот локалитет се карактеризира со висока плодност со достапен фосфор (56,86%), а средна плодност со достапен азот (4,49%). Кавадаречкиот локалитет на длабочина од 0-80см се карактеризира со слаба плодност со достапен фосфор (7,48%), средна плодност со достапен азот (5,32%) и многу висока плодност со достапен калиум (37,94%). Почвите од локалитетите Валандово и Кавадарци се добро плодни со достапен калиум. Врз основа на добиените резултати од агрохемиската анализа на почвата од трите испитувани локалитети може да се констатира дека за успешно одгледување на овошен насад на почвата во гевгелискиот локалитет, ѓубрењето може да се изврши со минерални, органски или комбинација на органо минерални ѓубрива. За успешно одгледување на овошен насад на почвата од валандовскиот локалитет, потребно е подобрување само на содржината на макробиогениот елемент азот. За успешно одгледување винова лоза на почвата од кавадаречкиот локалитет, потребно е да се подобри плодноста на содржината на достапен азот и фосфор.
Клучни зборови: почва, плодност, агрохемиска анализа, ѓубрење
Languages:
Pages: