Univerzitet Sv Kiril i Metodij vo SkopjeFaculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje
University Ss Cyril and Methodius in Skopje
Faculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje

Journal of Agricultural, Food and Environmental Sciences

ISSN: 2545-4315

Home | About| Indexed in | Editorial Staff | Paper Submission| Links | History | Contact

VOL 65_2015/051

RRLC МЕТОД ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ХЛОРОГЕНА КИСЕЛИНА ВО ПРОИЗВОДОТ CIRKON


Теодор Јакимоски*, Биљана Петановска-Илиевска, Мирјана С. Јанкуловска, Ленче Велкоска-Марковска
Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје
Насока: Квалитет и безбедност на храна

e
-mail: teodor.jakimoski@yahoo.com


Апстракт

Во овој труд истражувањето е насочено кон пронаоѓање на нов аналитички метод за идентификација и квантификација на активната компонента хлорогена киселина во препаратот Cirkon. Cirkon е претставник на новата генерација агрохемиските препарати, којшто претставува природен растителен биостимулатор. Според хемискиот состав претставува смеса од хлорогена, кофеинска и цикорична киселина, екстрахирани од лековитото растение Echinacea purpurea L. Moench, од кои доминанта е хлорогена киселина. За воспоставување на реверзно-фазните хроматографски методи се користени три аналитички колони со различни димензии и големина на честички (Purospher STAR RP-18e (30 mm × 4 mm; 3 µm), LiChrospher 60 RP-select B (125 mm × 4 mm; 5 µm) и Poroshell 120 EC-18 (50 mm × 3 mm; 2,7 µm)) и мобилни фази составени од метанол/вода, метанол/(0,5 % мравска киселина во вода), метанол/(0,05 % мравска киселина во вода) и ацетонитрил/(0,05 % мравска киселина во вода) со различни волуменски односи.Оптималните услови за квалитативно и квантитативно определување на хлорогената киселина се добиени со употреба на аналитичката колона Poroshell 120 EC-18 (50 mm × 3 mm; 2,7 µm), изократско елуирање со мобилна фаза составена од ацетонитрил/1% фосфорна киселина растворена во вода (10/90, V/V), проток на мобилната фаза од 1 mL/min, константна температура на колоната од 25 °С и UV детекција на 220 nm, при што се добиени добро раздвоени, тесни и симетрични хроматографски пикови.

Предложениот RRLC метод со употреба на ултравиолетов детектор со низа од диоди (UV-DAD) е реалтивно брз и едноставен метод, којшто овозможува идентификација и квантитативно определување на активната компонента хлорогена киселина во препаратот Cirkon.Добиената средна вредност за концентрацијата на хлорогена киселина во препаратот Cirkon изнесува 0,1 g/L, којашто одговара на декларираната вредност од производителот.

Клучни зборови: хлорогена киселина, Cirkon, RP-RRLC, UV-DAD

Languages:

Pages:

 VIEW FULL TEXT (PDF)  << BACK