VOL 65_2015/052
МОЖНОСТИ И ПРИМЕНА НА ПОЛИЕТИЛЕН ТЕРЕФТАЛАТ (PET) КАКО АМБАЛАЖА ЗА ПАКУВАЊЕ НА ПИЈАЛАЦИ И ХРАНА
Викторија Соколовска, Ленче Велкоска-Марковска, Биљана Петановска-Илиевска, Мирјана С. Јанкуловска
Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје, насока: Квалитет и безбедност на храна,
e-mail: viktorija_sokolovska@hotmail.com
Апстракт
Еден од најзастапените и најчесто употребувани пластичните материјали преставува полиетилен терефталат (PЕТ). Станува збор за амбалажа со сé поголема употреба и тенденција за поголем раст, особено за пакување на газирани безалкохолни пијалаци и вода. PЕТ се користи насекаде во светот за пакување на прехрамбени производи и пијалаци, бидејќи е хигенски исправен, безбеден, цврст, лесен и што е најважно ја задржува свежината на производите. После неговата употреба се фрла во депонии или се рециклира и повторно се употребува за најразлични производи, па оттаму доаѓа и неговата повеќекратна употребливост.
Постојат повеќе начини на кои може да се реши проблемот со полимерниот отпад и на тој начин да се заштити човековата околина. Еден од нив преставува хемиското рециклирање на отпадот, кадешто од PЕТ може да се добие терефтална киселина која понатаму може да се искористи во хемиската индустрија за други намени, како и за повторно добивање на PЕТ.
Реакцијата за добивање на терефтална киселина претставува базна хидролиза што се изведува во присуство на NaOH при различна температура која се движи во граници од 373 до 463 К и време од 20 до 120 минути. За да се определи при кои услови се добива најголем принос на реакцијата се врши испитување која концентрација од NaOH и кој волумен од употребените катализатори е најдобро да се користи. Воедно и преку термодинамичките параметри, како што се енталпија (ΔH), енергија на активација (ΔG) и ентропија (ΔS) кој со користење на натриум хидроксид на 373K кои изнесуваат 20,02 KJmol-1, 1.63x10-3 KJmol-1 и 0.053 KJmol-1 преку нив може да се увиди со користење на пиридин како катализатор се троши најмалку енергија и има најголем принос на терефтална киселина. Структурата на добиената терефтална киселина се потврдува со снимање на инфрацрвен (IR) спектар.
Клучни зборови: Полиетилен терефталат, терефтална киселина, хемиско рециклирање, базна хидролиза
Languages:
Pages: