VOL 65_2015/053
КАРАКТЕРИСТИКИ НА АМБАЛАЖНИТЕ ФИЛМОВИ И ОБВИВКИ КОИШТО МОЖЕ ДА СЕ ЈАДАТ ЗА ПАКУВАЊЕ НА ХРАНА
Дијана Милосављева, Ленче Велкоска-Марковска, Биљана Петановска-Илиевска, Мирјана С. Јанкуловска
Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје
Насока: Квалитет и безбедност на храна
e-mail: milosavleva@yahoo.com
Апстракт
Во ова истражување е следено влијанието на липидната јадлива обвивка врз продолжување на рокот на траење на јагоди. Истражувањето е направено преку 13 дневно следење на јагодите чувани на собна температура на темно и во фрижидер. За експериментот се користени контролни јагоди, јагоди завиткани во PVC филм и јагоди на кои е нанесена липидна јадлива обвивка. Липидната јадлива обвивка е составена од пчелин восок, кокосово масло и сончогледово масло. Во точно определени денови од складирањето е вршено следење на промените ва нивната боја, маса и концентрација на витамин С кај секоја група од јагодите. Промената на бојата на јагодите е прикажана преку фотографии каде се забележува разликата помеѓу јагодите со липидна обвивка, контролните јагоди и јагодите со PVC филм во фрижидер, како и на тие складирани на собна температура на темно. Параметрите во однос на степен на расипување, промена на масата на јагодите и концентрација на витамин С кај секоја група на јагоди се прикажани графички. Добиените резултати покажуваат дека јагодите чувани во фрижидер имаат помали промени во бојата, масата и концентрацијата на витамин С споредено со јагодите складитани на собна температура. Исто така, јагодите премачкани со липидна обвивка покажаа подобри резултатити од јагодите со PVC филм и од контолните јагоди, кај кои веќе во првите денови се забележани промени на следените параметри. Липидната обвивка всушност преку задржувањето на влагата во јагодите и зачувување на витаминот С придонесува за продолжување на рокот на траење на јагодите. Исто така, треба да се има предвид дека јадливите обвивки се подобар избор за чување на храната за разлика од PVC филмовите, бидејки се биоразградливи и не влијаат на зголемување на амбалажниот отпад.
Клучни зборови: Липидни јадливи обвивки, јагоди, витамин С, кокосово масло, пчелин восок.
Languages:
Pages: