VOL 65_2015/056
ВЛИЈАНИЕ НА ПЛОДНОСТА НА ПОЧВАТА ВРЗ ХЕМИСКИОТ СОСТАВ НА ЛИСТОВИТЕ КАЈ ДВЕ СОРТИ ВИНОВА ЛОЗА ВО УСЛОВИ НА ТИКВЕШКОТО ВИНОГОРЈЕ
Сандра Миленковска, Mоника Стојанова
Факултет за земјоделски науки и храна,Скопје
Квалитет и безбедност на храна IV-година
e-mail milenkovska_s@hotmail.com
Аптракт
Испитувано е влијанието на плодноста на почвата врз хемискот состав на листовите кај две сорти винова лоза: кардинал и афус али одгледувани во услови на тиквешкото виногорје. Испитувањата се вршени во текот на 2013 година. Во ноември 2012 година за исхрана на двете сорти винова лоза употребено е арско ѓубриво во количина од 20 тони на хектар. Почвените проби беа земени после бербата одделно за секоја сорта. Почвените проби беа земени на длабочина од 0-20cm, 20-40 cm, 40-60 cm и 60-80cm. Лисните проби беа земени пред бербата. За анализа беа користени долните листови наспроти првиот грозд земени од сите страни на виновата лоза.
Утврдено е дека со подобра почвена плодност се карактеризираат почвените проби под сортата кардинал. Кај почвените проби под сортата кардинал просечната содржина на испитуваните елементи изнесува: 6,6 mg/100g почва достапен азот, 14,42mg/100g почва достапен фосфор 25,70 mg/100g. почва калиум и 1,41% хумус.
Во лисните проби од сортата кардинал констатирана е повисока содржина на макробиогените елементи азот (2,17%), фосфор (1,80%) и калиум (1,30%), а во споредба со лисните проби од сортата афус али.
Повисока содржина на калциум (3,50%) и магнезиум (0,70%) утврдена е во лисните проби од сортата афус али во споредба со лисните проби од сортата кардинал.
Клучни зборови: плодност на почвата, лисни проби, винова лоза
Languages:
Pages: