VOL 65_2015/058
ВЛИЈАНИЕТО НА МАКРОБИОГЕНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ВРЗ КВАЛИТЕТОТ НА ВИНОВАТА ЛОЗА ВО УСЛОВИ НА ВАЛАНДОВСКИОТ РЕОН
Георгина Једковска, Катарина Вељанова
Факултет за земјоделски науки и храна
e-mail: georginajedikovska@yahoo.com
Aпстракт
Макробиогените елементи се клучни за правилното функционирање на виновата лоза. Од нивното присуство или отсуство во почвата, зависи севкупниот раст, развој и плодоносење на виновата лоза.
Водејќи се од фактот, што, во современото земјоделско производство, основна цел е да се добијат повисоки приноси, кои истовремено ќе се одликуваат со добар квалитет, несомнено е дека, секој земјоделец, ќе цели кон детална анализа на почвените својства и почвената снабденост со макроелементите, чија застапеност ќе загарантира повисоки приноси, а со самото тоа и повисоки приходи. За таа цел, една од најважните агротехнички мерки е исхраната на растенијата, која заедно со другите треба да овозможи непрекинато, високо и рентабилно производство. Според тоа, секој од макробиогените елементи, исто како и микробиогените, има специфично значење врз физиолошко-биохемиските процеси во органите на лозата. Оптималните концентрации на макробиогените елементи кај виновата лоза, регулирани преку почвена или фолијарна исхрана на истата, ја играат најбитната улога во правилното одвивање на сите нејзини животни функции. Од правилната употреба на макробиогените елементи зависи квалитетот и квантитетот на виновата лоза.
Целта на овој труд е да се истакне значењето и важноста на макробиогените елементи во исхраната на сортата винова лоза шардоне одгледувана во услови на валандовскиот реон.
Во насадот извршено е ѓубрење со минерално ѓубриво NPK 10-20-30 во количина од 450 кг/ха.
Испитувана е плодноста на почвата под сортата шардоне при што утврдена е средна плодност со достапен азот и фосфор, а добра плодност со достапен калиум. Испитуван е и хемискиот состав на ластарите при утврдена е повисока содржина на сите испитувани параметри кај ѓубрената варијанта, а во споредба со неѓубрената.
Клучни зборови: макробиогени елементи, винова лоза, квалитет
Languages:
Pages: