VOL 65_2015/059
ТЕХНОЛОГИЈА НА ПРОИЗВОДСТВО И СВОЈСТВА НА БИЕНОТО СИРЕЊЕ ПРОИЗВЕДЕНО ВО ТРАДИЦИОНАЛНИ И ИНДУСТРИСКИ УСЛОВИ
Елеонора Ристеска1*
1 Технолошко – Технички факултет – Велес, Универзитет Св. Климент Охридски, Битола, насока: нутриционизам
Димитар Влахов бб, 1400 Велес, Р. Македонија;
e-mail: eleonoraristeska@live.com
Апстракт
По извршените студии и направените истражувања во Република Македонија, како цел на нашето истражување беше објаснување на процесот на производство на биено сирење во традиционални и индустриски услови, како традиционален македонски производ кој често може да се сретне на домашен пазар, а нешто поретко надвор од земјата. Во минатото биеното сирење се произведувало исклучиво во домашни услови, но со текот на времето и развојот на технологијата процесот на производство се стандардизира и се одвива во индустриски контролирани услови според НАССАР системот. Според начинот на производство на биеното сирење, односно дали е произведено во домашни – традиционални услови или пак во индустриски услови, во одредена мера зависи и самиот квалитет и сензорните карактеристики на крајниот производ, како и прифатливоста од потрошувачите. Направена е компарација на биеното сирење произведено во различни услови, при што се утврдени одредени разлики кои се потврдуваат со извршениот сензорен тест.
Клучни зборови: биено сирење, традиционални услови, индустриски услови, сензорен тест
Languages:
Pages: