VOL 66_2015/063
ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БИОКЛИМАТСКИ КОЕФИЦИЕНТ КАЈ ДОМАТ ПРИ ПРИМЕНА НА РАЗЛИЧНИ ТЕХНИКИ НА НАВОДНУВАЊЕ И ЃУБРЕЊЕ
Танасковиќ Вјекослав1, Чукалиев Ордан1, Иљовски Игор
1 Универзитет ”Св. Кирил и Методиј”, Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје, Република Македонија
e-mail:vjekoslavtanaskovic@yahoo.com
Апстракт
Истражувањата беа спроведени во периодот од мај до септември во 2003 и 2004 година, со култура домат, хибрид Optima, одгледуван на отворено на опитните површини близу Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Целта на ова истражување беше да се определи биоклиматскиот коефициент (хидрофитотермички коефициент) кај култура домат во услови на Скопско и при примена на различни техники на наводнување и ѓубрење. Пет различни варијанти на наводнување и ѓубрење на домат на отворено беа цел на нашето истражување. Три варијанти беа наводнувани со систем капка по капка и истовремена апликација на хранливи материи преку системот (фертиригација), една варијанта со систем капка по капка и класично ѓубрење и една варијанта со бразди и класично ѓубрење. Според добиените просечни резултати од двете години на истражување, може да заклучи дека најмал просечен биоклиматски коефициент бележат варијантите на 2 (В1) и 4 дена (В2) залевање со систем капка по капка и фертиригација, односно 1,66 и 1,67. Варијаната на шест дена со фертиригација (В3), покажа просечен биоклиматски коефициент од 1,71 или за 2,4 до 3 % поголем коефициент во споредба со В2 и В1, што се должи на подолгиот интервал на залевање. Контролата со капково наводнување и класична апликација на ѓубрето (Ø1) поради режимот на залевање покажа исти вредности како варијантата В2. Варијантата со бразди и класично ѓубрење (Ø2) покажа најголем просечен хидрофитотермички коефициент или 2,15, односно за близу 29% поголем во споредба со Ø1, што се должи на применетата техника на наводнување.
Клучни зборови: капка по капка, наводнување со бразди, фертиригација, класично ѓубрење, домат, биоклиматски коефициент
DETERMINATION OF BIOCLIMATIC COEFFICIENT OF TOMATO CROP UNDER DIFERENT IRRIGATION AND FERTILIZITANION TECHNIQUES
Tanaskovik Vjekoslav1, Cukaliev Ordan 1, Iljovski Igor1
1 University St. Cyril and Methodius, Faculty of Agricultural Sciences and Food, Skopje , Macedonia , e-mail: vtanaskovic@zf.ukim.edu.mk
Abstract
The experimental trial was conducted with tomato hybrid Optima at open field near by the Faculty of Agricultural Sciences and Food in Skopje, during the period of May to September in 2003 and 2004. The main aim of this investigation was to determinate bioclimatic coefficient of tomato crop in
Keywords: drip irrigation, furrow irrigation, drip fertigation, traditional application of fertilizers, tomato, bioclimatic coefficient
Languages:
Pages: