VOL 66_2015/064
ВЛИЈАНИЕ НА КАПКОВОТО НАВОДНУВАЊЕ И ФЕРТИРИГАЦИЈА ВРЗ МЕСЕЧНИОТ И ВЕГЕТАЦИСКИОТ ХИДРОФИТОТЕРМИЧКИ КОЕФИЦИЕНТ КАЈ ПИПЕРКАТА
Танасковиќ Вјекослав1, Чукалиев Ордан1, Велибор Спалевиќ2, Марија Вуќелиќ Шутоска1, Маркоски Миле1, Нечковски Стојанче1
1 Универзитет ”Св. Кирил и Методиј”, Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје, Република Македонија 2 Универзитет во Црна Гора, Биотехнички факултет, Подгорица, Црна Гора
e-mail:vjekoslavtanaskovic@yahoo.com
Апстракт
Утврдување на влијанието на капковото наводнување и фертиригација врз месечниот и вегетацискиот хидрофитотермички коефициент кај пиперката одгледувана при контролиран раст на стеблото (V-систем) беше главна цел на ова истражување. Истражувањата беа спроведени во периодот од мај до октомври во 2005, 2006 и 2007 година, кај пиперка од сортата Бела долга, одгледувана во заштитен простор-пластеник на опитните површини на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Четири варијанти беа поставени во истражувањето. Три варијанти (КК1, КК2, КК3) беа залевани со систем капка по капка со истовремена апликација на хранливите материи преку системот, додека една варијанта беше наводнувана со бразди и класично ѓубрење (контролна варијанта Øб). Според добиените резултати, може да се види дека просечниот хидрофитотермички коефициент во 2005 година изнесува 1.52, во 2006 бележиме мало намалување, односно 1.46, додека во 2007 година повторно хидрофитотермичкиот коефициент се зголемува и истиот изнесува 1.48. Зависно од годината на истражување, варијантите со фертиригација (КК1, КК2, КК3) бележат од 14.6 до 23.6% помал просечен хидрофитотермички коефициент во споредба со варијантата со бразди и класично ѓубрење (Øб).
Клучни зборови: фертиригација, наводнување со бразди и класично ѓубрење, V-систем на одгледување на пиперка, хидрофитотермички коефициент
THE INFLUENCE OF DRIP FERTIGATION ON МONTHLY AND SEASONALLY HYDROPHYTOTERMICAL COEFFICIENT OF GREEN PEPPER CROP
Tanaskovik Vjekoslav1, Cukaliev Ordan1, Spalevic Velibor2, Marija Vukelik Sutoska1, Markoski Mile1, Nechkovski Stojanche1
1 University St. Cyril and Methodius, Faculty of Agricultural Sciences and Food, Skopje , Macedonia , e-mail: vtanaskovic@zf.ukim.edu.mk
2 University of Montenegro , Biotechnical Faculty, Podgorica , Montenegro
Abstract
The main aim of this investigation was to determinate the effect of drip fertigation on hydofphytotermical coefficient of two stem pruned pepper crop (“V”system). The field experiments were conducted with green pepper crop ‘Bela dolga’ grown in experimental plastic house near by the Faculty of Agricultural Sciences and Food in
Keywords: drip fertigation, furrow irrigation and traditional fertigation, two stem pruned green pepper crop -“V”system, hydrophytotermical coefficient
Languages:
Pages: